Серена Вилијамс открива: „ За малку ќе го изгубев животот за време на породувањето“

0

Големите здравствени проблеми со кои се соочи Серена Вилијамс по породувањето ја инспирираа јавно да проговори за тоа колку многу е важна негата на здравјето.

„Секоја мајка на светот, независно од расата и потеклото, заслужува здравствена нега на високо ниво за време на бременоста, но и за време на породувањето“ – изјави Серена Вилијамс, додавајќи дека речиси се соочила со смртта по раѓањето на нејзината ќерка Алексис Олимпија.

Имено, отчукувањата на срцето на Серена се спуштиле на опасно ниско ниво за време на контракциите, поради што породувањето морало да се изведе со царски рез. Операцијата поминала во најдобар ред, но Серена се здобила со емболија на белите дробови, т.е. запушување на крвните садови. Поради тоа морала да помине низ неколку операции.

„Среќна сум што сум жива. Се соочив со голем проблем, кога ми се отвори раната од царскиот рез поради интензивното кашлање, кое беше предизвикано од емболијата со која се здобив. Повторно ме оперираа, при што лекарите ми открија хематом. Следеше уште една интервенција со која беше спречено белодробно смртоносно оштетување. Кога конечно излегов од болница првите шест недели ги поминав во кревет, лежејќи.“
„Среќна сум и благодарна сум им на лекарите, на целиот медицински тим затоа што многу добро се докажаа и беа подготвени да се справат во комплицирани ситуации.
Да не беше нивната професионалност на високо ниво, денес не би била овде“ – изјави Серена Вилијамс.

Серена е сериозно загрижена за сите мајки кои не се здобиваат со соодветна нега за време на бременоста.

„Многу жени ширум светот се соочуваат со проблем како мојот, при што немаат можност да се здобијат со соодветна медицинска нега како што заслужуваат.“

Тенисерката го истакна и податокот кој го споделува УНИЦЕФ каде стои дека 2,6 милиони бебиња умираат уште пред да се родат, а дури 80 проценти од истите можат да бида спасени само со добра медицинска нега.

Серена, како амбасадор на УНИЦЕФ ги повика сите свои фанови да донираат пари во фондот за деца како и во другите организации. Со оваа акција со сигурност ќе се зголеми одговорноста кај лекарите, како и одговорноста и свеста кај жените.

„Сите заедно можеме да ја направиме оваа промена. Заедно, ние можеме да бидеме промена!“ – вели популарната тенисерка Серена Вилијамс.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.