Семејство кое училишен автобус претвори во дом од соништата

0

Брајан и Старла Саливан се пар кој докажа дека кога се сака сè може да се постигне во животот. Нивната приказна почнува од студентските денови кога почнала и нивната љубов, благодарение на која имаат три деца.

Но животот не бил многу милозлив кон нив бидејќи заради трошоците едвај врзувале крај со крај. Отплатувајќи студентски кредити и кирија за изнајмен стан, морале да најдат решение за проблемот.

Брајан за да стигне до неговата работа патува по 3 саати во текот на денот, што му отежнува да биде дел од процесот на растењето на децата. Задача која ѝ останала на Старла.

Седејќи една вечер, таа на Јутјуб открила нешто што засекогаш им ги променило животите. Додека гледала емисија за уредување на мали куќи, му се свртела на својот сопруг и го прашала дали би сакал да живее со неа во автобус.

Брајан во нејзиното прашање видел решение:

„Почнав веднаш да ги согледувам бројните предности. На пример, мобилноста. Можам да дојдам по децата каде и да бидам, дури и кога сум на работа. Ние сме прави чудаци за останатиот свет, но одлично функционираме“ – вели тој.

Меѓутоа фантазирањето за живот во подвижна куќа е многу поразлично од реалноста, посебно со три деца. Пред да почнат со големиот животен проект утврдиле неколку правила кои ќе ги почитуваат, а воедно и неколку трикови кои ќе им бидат од помош.

Сите каучи се на извлекување и се трансформираат во  функционални кревети. Имаат комплетно опремена кујна и солиден простор за складирање, дури и голема работна маса.

Брачниот пар успеал да стави дури и машина за перење алишта кој е сместена кај кадата. Тие велат дека плаќаат 500 долари „кирија“ во текот на месецот, односно паркинг простор, а за реновирање потрошиле 32 800 долари.

Во секој случај, сега трошат една третина од предвидениот буџет за трошоци, за разлика од претходно кога ја надминувале границата.

Погледнете како изгледа домот на тркала на семејството Саливан:

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот