Сексот станува подобар со годините

0

Можеби мислите дека помладите се забавуваат повеќе кога е сексот во прашање, но најновите истражувања покажуваат дека тоа не е така.

На последното испитување спроведено меѓу 6.000 американски граѓани на возраст од 20 до 93 години, на Американците им биле поставувани следниве прашања поврззни со нивниот сексуален живот, меѓу кои и:

Колку често сте имале секс во последните шест месеци?

Колкав е бројот на вашите сексуални партнери?

На скала од еден до десет оценете го квалитетот на вашиот сексуален живот?

На скала од еден до десет означете го нивото на труд којшто го вложувате во секој сексуален чин?

Истражувачите откриле дека квалитетот на сексуалниот живот на луѓето се подобрува како што стареат. Зошто е тоа така? Се претпоставува дека една од причините е начинот на којшто луѓето на повозрасни години размислуваат за сексот. Испитувањето покажало дека помладте луѓе сметаат дека за добар сексуален живот е важно е да имаат многу секс, но повозрасните не се грижеле толку за количината на секс што ја имаат туку за квалиетот и за тоа колку се вложуваат во секој чин.

Ова всушност и објаснува зошто повозрасните луѓе имаат подобар сексуален живот од младите.

„Позитивната врска помеѓу квалитетот на сексуалниот живот и возраста е најсилна во контекст на добра квалитетна романтична врска каде што партнерите истражуваат и знаат како да ги задоволат своите сексуални желби“ – изјавија Николас Итон и Роберт Кругер, кои го спроведуваа ова истражување.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот