Секс за смирување ?

0

Голем број психолози тврдат дека сексуалниот однос помеѓу партнерите кои туку што влегле во расправија, може да ја смири тензичната атмосфера и да ги зближи партнерите повторно. Дел од нив, сметаат дека сексот не смее да се користи како алатка за привремено решавање на проблемот.

Во секој случај, тие се согласни околу неколку работи.

zenski-magazin-ljubav-seks-seks-pomirenja-1 (8)

Не се согласувајте на секс доколку сте се уште лути на партнерот

Важно е да научите да ја контролирате својата агресија. Многу често и после завршената расправија, вие се уште сте лути на партнерот. Психолозите велат дека доколку се чувствувате лути, не треба да се согласите на секс, бидејќи тогаш нема да доживеете вистинско уживање. Напротив, ќе внесете агресија која може да влијае врз понатамошниот однос со партнерот.

Немојте да мислите дека ако сте завршиле во кревет со партнерот дека сте ги решиле проблемите

Сексуалниот однос не би требало да биде единствениот начин на интимност во врската. Иако ќе бидете повеќе емотивни и понежни, не заборавајте дека тоа нема да ги реши секојдневните проблеми. Можеби ќе бидете посмирени, но за проблемот сепак треба да разговарате.

Сексот после кавга помага побрзо да простите

Сексот за помирување може да се смета за некоја врста терапија. Тој го опушта нервниот систем и станувате помалку раздразливи. Затоа, препорачливо е после сексуалниот однос да поразговарате со партнерот и да ги решите проблемите со помирен тон.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.