Секоја жена посакува да има совршени усни. Есте Лаудер го има одговорот

0

Секоја жена заслужува да користи убава и пред се квалитетна козметика. Кога сме задоволни од одреден бренд, тогаш врската е речиси нераскинлива. Реномираниот козметички бренд  Estee Lauder постојано на пазарот пласира производи кои независно дали се новитети или имаат долгогодишна традиција од производството, котираат меѓу најдобите, судено според задоволството на армијата верни и задоволни клиентки.

Па така, овој пат врвната американска компанија ви ја претставува новата богата палета на течни кармини. Кармините се незаобиколен дел од секојдневната рутина на шминкање кај припадничките на понежниот пол, а токму новите, инвентивни и квалитетни кармини кога еднаш ќе ги пробате, несомнено ќе станат задолжителен дел од вашиот изглед.

за те

Станува збор за Pure Color Envy Sculpting Lacquer со интензивни нијанси кои пред се ги нагласуваат и хидратизираат усните. Нијанси има за сечиј вкус, а освен тоа нема да останете рамнодушни да не го пофалите практичниот апликатор, кој е идеален за нанесување во еден чекор.

За жените и девојките пак, кои преферираат полесна и нелеплива текстура, тогаш ви го препорачуваме Pure Color Envy Sculpting Gloss. И овој неодолив кармин со хранлива и богата текстура, перфектно ги обликува усните, а мулти- димензионалнта оптика има можност да создаде зголемен золумен. Само со нанесување на еден слој, усните се навлажнети без лепливост и со перфектна дефиниција. Ваше е само да ја изберете посакуваната нијанса и да блеснете во полн сјај.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.