“Секоја промена е тешка во почетокот, неуредна во средината и прекрасна на крајот.” -Робин Шарма

0

Робин Шарма е писател кој инспирира и на длабок начин влијае на светот. Тој е најдобро продаван автор и лидерски говорник, најпознат по своето дело „Калуѓерот кој го продаде своето ферари“ кое беше преведено на повеќе од 70 јазици и продадено во повеќе од 50 земји.

Нека неговите зборови ве инспирираат, подигнат, трансформираат и влијаат на вашиот живот во голема мера. Издигнете се во својата величина преку неговите мисли…

”Разговорите кои ги одбегнувате се всушност оние кои треба да ги водите.”

“Секоја промена е тешка во почетокот, неуредна во средината и прекрасна на крајот.”

“Дуплирај го својот приход, а тројно својата инвестиција во саморазвој.”

“Вашите изговори не се ништо повеќе од лагите, продадени од страна на вашите стравови.”

“Денес е одличен ден да се однесуваш како личност што отсекогаш си сакал да бидеш.”

“Пополнете го мозокот со гигантски соништа, за да нема простор за мали работи.”

“Прекрасната работа во врска со стравот е кога трчате во негов правец, тој бега.”

“Кога престануваме да ризикуваме, го прекинуваме животот.”

“Стравот со кој не се соочуваме, е нашиот лимит.”

”Тајната на генијалноста не е во генетиката, туку во секојдневното вежбање и издржливоста.”

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.