Секој парфем од Fath’s Essentials Collection од креаторот Jacques Fath, открива нов, поинаков универзум на сензуални мириси

0

Jacques Fath e француски креатор, роден во 1912 година. Уште од мали нозе е фасциниран со модата, љубов која трае до 1937 година, кога во Париз за првпат ја отвора првата Couture House.

Неговиот единствен и гламурозен стил му носи брз успех. Познат по тоа што ги „облекувал“ младите и шик Парижанки, кај него почнува да се облекува и високата француска класа, односно неговите клиенти важеле за едни од најбогатите.

Hubert de Givenchy, Guy Laroche и Valentino Garavani – се едни од најзвучните имиња во модната индустрија денес, а нивните први работни места биле како асистенти во неговото атеље.

Парфмеската сага „The perfumes“ почнува со лансирање на Chasuble во 1945 година. Подоцна со креирањето на Iris Gris и Green Water во соработка креаторот на парфеми Vincent Roubert, парфемите на Јacques Fath стануваат легенда.

За да ја зачува суштината на Jacques Fath: младоста, талентот и радоста на живеењето, Rania Naim, уметнчкиот директор на Jacques Fath Parfums, одбира да соработува со два таленти, Nosa Cécile Zarokian и Luca Maffei со кои ја создава Fath’s Essentials Collection.

Денес, зад парфемите на Fath’s Essentials Collection стои Cecile Zarokian. Таа дипломирала на ISIPCA, реномирана школа за парфимери во Версај, близу Париз. Својата професионална кариера ја започнува како приправник кога го создава Amouage Epic Woman”. Во 2011 година отвора самостојна лабораторија во Париз и почнува да креира високо класни и фини парфеми.

Нејзина беше задачата да го врати угледот на митскиот Green Water парфем на брендот , како и да креира уште три, комплементарни и единствени мириси: Vers le Sud, Bel Ambre и Curaçao Bay.

Секој парфем открива нов, поинаков универзум и води во сензуално патување низ други светови.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот