„Секогаш трудете се да изгледате како да сте на одмор“ … Или барем мирисајте како да сте – Том Форд

0

Томас Карлајл Форд – Том Форд роден во Остин, Тексас е 56 годишен американски моден дизајнер, режисер и сценарист за кого светот дозна во 1990те години, кога стана дизајнер за Гучи и го освежи нивниот стил . Тој е и талентиран режисер, а тоа го потврдува фактот што филмовите A Single Man (2009) И Nocturnal Animals (2016) беа номинирани за престижната награда Оскар.

За време на неговата 10 годишна кариера како креативен дирeктор на Gucci и Gucci Group, продажбата се зголемува од 230 милиони во 1994 година, на 3 милијарди во 2003 година, со што брендот станува еден од најголемите и најлускузни во светот.
Од 1999 до 2004 има работено како креативен директор за Ив Сен Лоран.

По прекинување на соработката, во април 2005 година тој го создава својот сопствен бренд -Tom Ford, а во 2006 година го лансира првиот мирис со негов потпис, Black Orchid.
Том Форд смета дека мирисот е повеќе од моден додаток, дека е моќно оружје со кое секој човек заведува и буди емоции и спомени. Затоа и секој парфем од Private Blend има своја приказна и претставува уметничко дело.

Денес Форд има сопствен моден бренд којшто вклучува облека, асесоари и производи за убавина. Неговите производи се продаваат во 120 земји во светот, а тој остварува годишна заработувачка од преку една милијарда долари.

Секој мирис на Том Форд е инспириран од гламурозното минато – кога највредните состојки во светот се користат за создавање мириси од врвна софистицираност. “колекциите”, се инспирирани од одредена тема: варијации преку кои се одигрува прекрасната сензуална нота на White Musk (2009), што доведе до егзотичниот Jardin Noir (2012), кој најавува мирис на оуд. “Со години сакав повторно да го вратам мирисот на оуд . Таа е една од најневеројатно фасцинантните состојки во палетата на парфеми.

„Секогаш трудете се да изгледате како да сте на одмор“ …
Или барем мирисајте како да сте… Том Форд се стекна со неверојатна популарност со лансирање на парфемот „Neroli Portofino“, инспириран од италијанската ривиера.
За мирисите тој вели

Како и музиката или храната, мирисот е директен сензорен стимуланс. Ги предизвикува сетилата, ги поттикнува емоциите, сеќавањата и чувствата. Не значи дека морам да купам скап парфем; тоа само значи дека само треба да почувствувам мирис на цвеќе, мирис кој ќе направи да го почувствувам и доживеам тој пејзаж во целост. За мене, мирисот е повеќе од додаток. Тој за мене е многу значаен и секако една од моите најголеми страсти како креативна личност .“

 

Парфемите од Tom Ford ексклузивно можат да се најдат само во парфимериите Anabella Скопје City Mall и Anabella Мериот.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.