„Секогаш ја кажувам вистината. Дури и кога лажам“, Тони Монтана – Скарфејс

0

Еден од култните филмови на минатиот век, „Скарфејс“ е снимен далечната 1983 година. Овој филм на режисерот Брајан де Палма, му го претстави на светот Тони Монтана, еден од најголемите и наозлогласени филмски криминалци на сите времиња.

Освен што од филмот ќе остане запаметена глумата на Ал Пачино, кој го толкуваше овој лик, во сеќавање остануваат и неколку цитати од него, кои вистинските филмогили ги употребуваат и денес.

Прочитајте некои од нив:

Во оваа земја мора прво да заработите пари. Кога ќе имате пари, стекнувате моќ. Кога ќе стекнете моќ, ќе имате и жени.“

Знаеш што е капитализам? Да те зезнат!“

Никогаш не сум изиграл некого кој не го заслужил тоа. Јасно ти е?“

Секогаш ја кажувам вистината. Дури и кога лажам.“

Светот е твој!“

Кој ја заврши работата? Јас, ете кој! Кому му верувам? Само на себе!“

Ајде, пукај во мене! Мислиш дека можеш да ме убиеш со куршуми?“

Секое куче има добар ден!“

Ова е рај, ти кажувам дека е рај. Овој град е како убава жена што сакаш да ја однесеш во кревет“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот