Сега можете да си изнајмите и селфи другарче

0

Јапонската компанија „Family Romance“ им предложи на интернет корисниците услуги од актери кои ќе дојдат и ќе се сликаат и снимаат со нарачателот на заеднички селфи, заради објавување на социјалните мрежи.

Двочасовна фотосесија чини 8.000 јени (околу 73 долари).

Компанијата има каталог со лажни пријатели, од кои можете да си го изберете оној актер што ќе ви се допадне и бројот на изнајмување актери е ограничен само со финансиските можности на нарачателот.

Како што објаснуваат од Family Romance, услугата може да им треба на оние што имаат малкумина вистински другари, или, на пример, на оние што сакаат да му вратат на бившиот партнер после раскинувањето.

На веб страницата на фирмата има многу коментари од задоволните клиенти.

„Јас изнајмив 10 актери од Family Romance за да глумат мои другари на прославата во чест на мојот роденден во еден познат хотел во Токио. Ние таму пиевме во еден бар со прекрасна ноќна панорама.

Потоа отидовме во мојата соба, продолживме да пиеме, а тие ми подарија голема торта и јас направив многу селфи“- напишал еден од клиентите.

Да не беше смешно, веројатно ќе беше и помалку тажно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.