Седумте најголеми дупки без дно во светот

0

Без разлика дали ги ископале луѓето или настанале сами, овие дупки го одземаат здивот заради фактот што не можете да го видите дното.

Бингам

Рудникот Бингам е најголемата дупка што ја направиле луѓето, широка е 4 километри, а длабока 1,2. Ископувањата започнале во 1863 година, а од тогаш се извлечени околу 17 милиони тони бакар и 715 тони злато, 5900 тони сребро. Се наоѓа во американската држава Јута, а на неа се работи и денес.

Светата дупка

Одводот Монтичело или како што ја викаат луѓето „светата дупка“ се користи  кога браната е со полн капацитет. Благодарение на својата величина, во неа се собира 14 400 кубика вода секоја секунда. Широка е околу 20 метри, длабока околу 214 метри.

Кимберли

Кимберли е дијамантен рудник познат како „Големата дупка“, се наоѓа во Јужна Африка и еден од најголемите кои се ископани  на светот. Помеѓу 1866 и 1914 година, повеќе од 50 рудари со лопати ја ископале огромната дупка. За време на тоа ископување, тие нашле 2722 килограми дијаманти. Дупката е широка околу 462 метри, а длабока 1098 метри.

Дин сината дупка на Бахамите

Иако на Бахамите се наоѓаат неколку сини дупки, Дин сината дупка е дефинитивно најголемата. Сините супки се вертикално потопени пештери кои се наоѓаат на море или копно. Тие се сметаат за непријателска средина за водниот свет бидејќи се дом на многу бактерии. Темно сината боја во нив создава и варовничкиот камин произведуваат високо ниво на провидност, Диновата дупка е длабока 202 метри, а се претпоставува дека настанала за време на леденото доба кога нивото на морето било од 100 до 200 метри пониско од денес. Легендата вели дека дупката ја направил ѓаволот кој и денес ги предизвикува луѓето и животните да влегуваат таму.

Дарваз

Во близина на градот Дарваз, во Узбекистан се наоѓа природен феномен кој, заради неговиот изглед, локалните жители го нарекле The Door to hell или врата до пеколот. Дупката е пронајдена пред 40 години сосема случајно од страна на група истражувачи геолози кои барале плин. Толку е голема што за време на бушењето целата опрема која се користела пропаднала внатре. Заради фактот што е исполнета со плин, за да се спречи негово истекување во околината, геолозите ја запалиле. Од тогаш па се до денес сè уште гори. Никој не знае колку точно плин досега има изгорено или пак дали некогаш ќе престане да гори. Размерот е приближно 70 метри, додека длабочината е 20 метри.

Сибир

Дијамантскиот рудник во Сибир е најголемиот кадешто може да се најдат драгоцени камења, а е прв за кој светот знае. Длабок е 525 метри, со пречник на надворешниот круг од 1200 метри. Преку оваа дупка било забрането дури и прелетување. Денес ова место е напуштено.

Беркли

Официјално, еден од најголемите отворени рудници за бакар е Беркли и се наоѓа во САД. Долг е околу 1,6 колометри,  а до половина е исполнет со кисела вода со pH 2,5. Затворен е од 1982 година.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот