7 работи кои треба во петок да ги направите за понеделникот да биде полесен

0

Повеќето луѓе се возбудени кога доаѓа петок, посебно ако неделата била напорна. Но честопати во петок може да изгледа како да си го губите времето чекајќи да почне викендот. Попладнето на работа едноставно никако не завршува, ви изгледа дека трае цела вечност. Има начин и тоа да се промени. Во продложение седум работи кои може да ги направите во петок за понеделникот да биде полесен.

  1. Остварете нови контакти. Имајте нешто на агендата на кое ќе се радувате од понеделник. Поминете го попладнето во праќање мејлови и договарање на состаноци за следната недела. Луѓето се летаргични во петок, можеби ќе треба два дена да одговорат, а вас тоа ќе ви биде од корист бидејќи ќе имате обврска помалку во понеделник.
  2. Организирајте ја следната недела. Проверете го календарот и испланирајте ја неделата. Наместете аларми на компјутерот кои ќе ве потсетат на состаноци, крајни рокови и слично.
  3. Завршете една задача која сте ја оставиле за следната недела. Петоците се денови кога најмногу се користи реченицата “ќе го завршам од понеделник”. Во понеделник ќе се чувстувате многу полесно штом пристигнете на работа.
  4. Променете ја рутината. Одвојте неколку минути за секојдневната неделна рутина. Направте листа на вашите типични навики кои ви одземаат внимание. За ова може да разговарате со пријателите за време на викендот со кафе во рацете, а тие можат да ви олеснат со некој предлог за промена. Ставете го на бирото за да биде првата работа што ќе видите кога ќе стигнете на работа во понеделник наутро.
  5. Работете на себе и иднината. Ако се чувствувате дека не можете повеќе да бидете затрупани со папирологија на компанијата, тогаш пуштете си музика што ве релаксира и запишете кои работи ги сакате од животот приватно и професионално. Дали знаете каде сакате да бидете за пет години? Истражете тогаш како да стигнете до таму. Во понеделник кога ќе се вратите на работа ќе имате побистри мисли и полесен почеток на работниот ден.
  6. Изненадете се себе си. Оставете си нешто благо во вашето биро, некоја миризлива свеќа или кое било мало богатство по ваш вкус. Најдоброто е што ќе го заборавите бидејќи е ситна работа, а во понеделник ќе бидете супер изненадени.
  7. Завршете ја неделата правејќи нешто убаво за некој од фирмата. Покажете ја благодарноста со тоа што ќе го наградите со подарок изненадување, вечера, букет цвеќе или десерт по нарачка. Убав гест со малку напор ќе ви донесе многу позитива од вашите колеги во понеделник.