7 знаци кои ќе ви покажат дека вие сте колегата што не го сакаат на работа

0

Во секоја компанија има личности кои ги сметаат за лоши и непосакувани во колегиумот.

А што ако тоа сте вие во вашата фирма? Како да ги препознаете знаците – оти кога човек е во таа позиција тешко дека би бил свесен на почеток.

Следниве 7 причини кои ќе ви кажат која улога ја имате на работа:

1.Секој ваш имеил завршува со “Благодарам.”

Нема да ве убие да ставите извичник или некој збор повеќе, нели?

2.Вие праќате меилови кои никогаш не стигнуваат на време

Зборот “ОК” не е одговор, а посебно не ништо конкретно ако не е пратен на време. Примателот на пораката треба да погодува што сте мислеле, а не секогаш има време за тоа.

3.Сите оние покани за забава после работа…

Ги игнорирате сите еден, никогаш не сакате да бидете дел од работните дружби и не сте социјални со колегите. Можете барем да кликнете “не доаѓам” наместо да оставитер вашето присуство да “виси” во воздух.

4.Си гледате во телефон пред да почне состанокот

Инстаграм, Твитер и Фајсбук можат да почекаат. Наместо тоа, пробајте да зборнете со колегите.

5.Никогаш не разговарате во лифт

Секогаш гледате да ги избегнете колегите кога си одите дома. Или сте први пред лифтот или последни. И не ги гледате колегите во очи, а камо ли да ги прашате како се.

6.Ставате слушалки

Ова може да го правите во лифт или на заеднички патувања од работа.

7.Секогаш кога влегувате во канцеларија кај единствениот колега со кој комуницирате добро, затворате врата

Верувајте сите знаат дека зборувате за нив.

Можеби е време да се смени тактиката. Колегите се луѓе кои можат да ве изненадат со својот позитивен карактер и пријателство. Дајте им шанса, можеби ќе ви се допаднат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот