7 начини да бидете подопадливи

0

Отсекогаш луѓето се карактеризирале со желбата да се допаднат некому. Но, со развитокот на технологијата и социјалните медиуми, тоа стана многу поочигледно од кога било. За да биде полесен целиот процес, прочитајте ги следните седум чекори како да се претставите себе си во најдобро светло.

1.Немојте да судите за другите. Никој не сака кога постојано е под лупа. Новата промена нека биде таа – да не судите никому. Донесувајте рационални одлуки за карактерот на другите луѓе базирани на информации наместо на емоции.

2.Бидете емотивно достапни. Во ред е да бидете ранливи. Не се плашете да воспоставите блиски односи и да раскажете по некој детаљ пред останатите. Целта е да ги кажете вашите проблеми без да ги вклучите нивните.

3.Прашувајте ги другите за нивниот живот. Фокусирајте се на разговорот со нив. Поставувајте прашања преку кои ќе дознаете повеќе за личните случки. Ова ќе ви помогне да изградите силна врска со соговорникот и на тој начин ќе успеете да биде повеќе допадливи и сакани.

4.Слушајте. Бидете активен соговорник и одговарајте на тоа што луѓето ви го раскажуваат со прашања на темата, дополнителни информации и новитети. На тој начин другата личност ќе се почувствува важна за вас. Немојте да зјапате во телефонот додека зборува некој друг. Така ќе добиете обратен ефект.

5.Памтете. За да запаметите некои инфомации мора да бидете добар слушател. Пробајте да запаметите важни детали од нивниот живот. Ова покажува дека вие знаете да го цените времето поминато со нив. Запаметете ги родендените, годишнините и слични важни моменти.

6.Не се сфаќајте себе премногу сериозно. Смејте се, правете шеги на сопствена сметка, закажувајте нетрадиционални состаноци, изненадувајте ги луѓето.

7.Секогаш бидете љубезни. Отворете ги вратите на домот или канцеларијата за други луѓе. Нека ѕирнат во вашиот живот. Поканете ги на кафе или ручек/вечера и запознајте ги.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот