Седум карактеристики на одличните родители

0

Родителите честопати се сомневаат дека доволно добро ја извршуваат најтешката работа во светот. Модерните родители си поставуваат високи стандарди и постојано се преиспитуваат дали се доволно добри родители.

По тоа прашање, психологот Nadene van der Linden издвоила седум знаци кои ги карактеризираат одличните родители.

  1. Детето слободно искажува силни и различни емоции во присуство на родителите

Децата не умеат да одберат време и место кога ќе ги искажат нивните емоции. Тоа е така не затоа што тие се размазени или невоспитани, туку затоа што мозокот не им е доволно развиен за да можат да ги контролираат силните емоции. Но, ако детето пред родителите слободно искажува лутина, тага, бес или страв, тоа значи дека покрај нив чувствува сигурност.

Доколку детето се воздржува, тоа значи дека постои проблем. Секој родител треба да му овозможи на детето сигурност и слобода тоа да се изрази да ги покаже своите емоции. На детето му е потребно внимание и сигурност за да сфати дека неговите чувства се важни.

2. Детето треба да разговара за проблемите кои го мачат

Добар начин за да се охрабри детето е тоа да знае дека неговите родители секогаш ќе го дочекаат со отворени раце и ќе го сослушаат секогаш кога се соочува со некаков проблем, без разлика колку и да им се чини тоа безначајно на родителите.

3. Дете може да зборува за неговите чувства и мисли, без да се плаши од реакцијата на родителите

Ова е знак дека за отворена и флексибилна комуникација, темелена на меѓусебно разбирање и прифаќање.

Многу родители реагираат бурно на некои размислувања или чувства кои децата искрено ги покажале. Овој начин на комуникација треба да се избегнува и секогаш треба отворено и искрено да се разговара со децата. Така, родителите ќе бидат еден чекор напред и ќе можат да му помогнат на своето дете ако забележат дека нешто го мачи.

4. Одличните родители не го етикетираат своето дете

Кога детето се однесува недолично, одличните родители не користат зборови како што се – „ Не си добар“, „ Безобразен си“, „Мрзелив“ и сл.

Пример

Да речеме, ако детето ги изеде сите слатки, одличните родители би рекле: „Успеа да ги изедеш сите слатки сам? Знаеш дека е многу важно да ги споделиш со својата сестра?“.

Што е многу поразлично од: „Навистина си себичен. Сите слатки ги изеде сам!“

5. Охрабрете го детето да ги развива своите таленти и интереси

Кога детето ги развива своите таленти, има можност да го вкуси успехот и да ужива по патот до него. Ако детето се насочи кон развивање на некој негов талент, а со тоа ќе се окупира и подоцна, ќе се заштити себеси од многу ризици кои ги носи периодот на адолесценција.

6. Поставување цврсти граници кога станува збор за однесувањето на детето, со цел да се осигура неговата безбедност

Иако можеби тоа и не е толку очигледно, децата сепак сакаат и потребно е да имаат одредени граници кои ќе помогнат за нивниот здрав развој.

Некои примери вклучуваат рутина во времето на спиење, почитта на членовите од семејството, поставување рокови и временски ограничувања – кога е пристојно време да си дојдат дома и сл.

7. Одличните родители ги признаваат сопствените грешки

Ако сте во состојба да ја поправите грешката која сте ја направиле при комуникација со детето, тоа значи дека сте одличен родител. Ако сте викале, можеби и сте го навредиле детето, важно е да признаете дека сте погрешиле и да ја поправите грешката.

Разговорот наместо бурните реакции е добар начин за да се поправат грешките.

Да се биде одличен родител не значи потврдата за тоа да ја барате во успехот на вашето дете, односно колку е тоа добро во училиште и колкав е неговиот просек, колку здраво се храни или колку е успешно во некоја област.

Да се биде успешен родител значи дека родителите се во состојба на своето дете да му овозможат сигурност. Тоа е првиот услов за здрав раст и развој на детето, а се негува со постојано оддржување на добра комуникација со детето која не зависи од неговиот успех на било кое поле, туку пред се, љубов, почит и поврзаност.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.