7 интересни прашања кои би требало да му ги поставите на партнерот

0

Деликатна работа се врските, а уште поделикатна тема е сексуалниот живот. Треба да се знае дека никогаш не се на одмет дополнителни прашања кои можете да ги поставите. Тоа нема да промени ништо, освен ако вие не сакате. Единствено ќе добиете, ако ги примените одговорите. Но, за да почнете со прашања за сексуалниот живот, мора добро да го познавате партнерот за да се чувствувате удобно во текот на разговорот.

Прашајте:

1.Во кој дел од денот најмногу сакаш да водиш љубов?

Ова е прашање со кое можете да го ‘отворите’ разговорот и да се опуштите двајцата. Можете и вие самите да кажете кој дел од денот најмногу ви одговара за секс.

2.Која храна сакаш да ја консумираш пред сексот?

Ок, знаеме дека има храна која е вистински афродизијак, но луѓето имаат свои желби надвор од правилата кои сакаат да ги реализираат пред сексот. Една од нив е видот на храна.

3.Која е твојата омилена сексуална фантазија?

Не сака секој да зборува на оваа тема, но ако каже, Вие можете да му ја исполните и на тој начин да го зачините сексуалниот живот. Ова е една од работите на кои никако не смеете да се потсмевате колку и да звучи смешно, фантазиите се лична работа и секогаш треба да се слушаат без негативен коментар.

4. Дали постои нешто кое сакаш да го направам, а те возбудува на посебен начин?

Уште едно прашање кое ќе го ослободи партнерот и ќе го подобри интимниот живот.

5. Дали си љубител на секс играчки?

Ако е, а вие не сте, во тој случај разговарајте отворено и најдете разбирање.

13617451_10210452068885864_611166105_n

6.Која ти е омилена поза?

Ова барем не е тешко прашање, а одговорот лесно ќе го добиете.

7. Омилено место за секс?

Да, секој човек има омилено место за секс, а исполнувајќи ја желбата на партнерот , можеби ќе го најдете и вашето ново омилено место.

Ова се само дел од прашањата кои можете да ги поставите, но не застанувајте на нив. Едно прашање води кон друго и додека да трепнете, вие веќе сте направиле многу за интимниот живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.