Седмо издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“

0

Седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, ќе се одржи во Куршумли Ан од 20-ти до 26-ти август. Овогодинешното мото на фестивалот е „Сите сме приказна“.

За седмото издание, селектирани се 63 документарни филмски остварувања, кои ќе бидат распоредени во пет програми.

Како што информираат организаторите, оваа година акцентот на фестивалот ќе биде ставен на земјата во фокус – Русија со програмата „Руски снег“, како и на селекцијата на кратки документарни филмови.

Од современите руски автори ќе бидат прикажани документарните филмови на Софија Горленко, Виктор Косаковски, Светлана Демидова и Дмитриј Сидоров, Владимир Головнев, Ана Шишова и Татјана Соболева.

На фестивалот „МакеДокс“ се доделуваат наградите „Кромид“ – за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ – за најдобар студентски филм и Награда за филм со најдобри етички идеи од сите програмски селекции.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар