SECRETS OF LOVE – колекција на парфеми од Micallef која ги активира 6-те сетила

0

Шестата тајна на колекцијата SECRETS OF LOVE се повикува на нашето 6-то сетило. Кога доказот на љубовта тропа на вратата на душата – заглушувачки, громогласно, како татнеж засолнет во шише на уметноста како лист предмет на желба, мирисот се отвора со трага од розеви бобинки и бергамот, со цел да се сврти вниманието и да се остави впечаток.

Потоа, превезот од леснотија ја носи јасноста на јасминот и заобленоста на кедарот, кои пак ги смируваат сетилата, ја прават уште почувствителна нашата сензуалност пред да нападнат со моќта на aмберот, ванилата и бензоинот.

Енигматична миризлива поделба, наменетa за мажи и жени – парфем кој содржи чисти состојки, што раскажуваат приказна за нов почеток, љубовна фузија и духовна страст.

Комуникацијата помеѓу две човечки суштества е искажана со совршена рамнотежа, преку доказ за заедничка судбина, небесно обединување, за еден вид телепатија.

Духовна облека од соништа на оној што ја носи. Надминувајќи ги жанровите за поделба, ова е мирис кој нè ослободува од сите кодови.

Штом мирисот ќе испари, излегува од кафезот и лета на 7-мо небо: фантастична територија на интоксикација на нашите сетила.

Топ ноти: розеви бобинки и бергамот

Средни ноти: јасмин и кедар

Основни ноти: амбер, ванила и бенозин.

Воздушен и светол, духовно сервиран со прецизно пишување, откривајќи осцилации помеѓу топлината, моќта и транспарентноста.

Со присуство на пенлива цветна свежина, парфемот расцветува во интимен мирис со мекост на ванила која открива безвременски смирувачки мирис.

Поделба на вистинска чистина во сликата на сребрено бисерна боја во која е облечено шишето, репрезент на љубовниот кафез.

Како уметник кој дава маестрална и лична интерпретација на секоја негова креација, Martine Micallef замисли спектакуларни шишиња за оваа колекција љубовни кафези од кои излегуваат шест интензивни и драгоцени мириси. Секој мирис се претвора во луксузен олфакторски резултат претставувајќи 6 фази на љубовта.

За оваа колекција Martine Micallef и Geoffrey Nejman размислуваа мегаломански – многу формули и шишиња, создадени со иновативни, интензивни сокови со неспоредлива енергија.

Gourmet: Малина, темјан, костен, кожа, ванила

Glamour: Јасмин, роза, сандалово дрво, кашмир

Passion: Дрво, портокал, цимет, кашмир, сандалово дрво, мошус, карамела

Délice: Орев, чили пипер, роза бобинки, цимет, oud

Sensual: Овошје, јасмин, сандалово дрво, кожа

Spiritual: Розеви бобинки, бергамот, јасмин, кедар, амберрис, ванила, бензоин

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот