„Сè знаат и сè разбираат само будалите и озборувачите“ – Чехов

0

Антон Павловиќ – Чехов руски новелист и драмски писател кој бил лекар по професија, но се занимавал со пишување уште од средношколските денови, кога почнал да објавува текстови во весниците.

Ви издвојуваме мудри пораки и по некој афоризам…

  1. Човекот, целиот живот живее сам, цел век учи, но успева да научи само преку животните несреќи.
  2. Нема, ниту може да има праведно богатство.
  3. И за 1000 години, човекот повторно ќе се издишува вака: Ах, тешко е да се живее – и со ист здив како сега ќе се плаши да умре.
  4. Здрав човек има илјада желби. Болниот само една.
  5. Стотици километри празни, еднолики и изгорени степи, не можат да предизвикаат така длабока депресија како еден досаден човек кога седи, зборува и не знае кога е време да си замине.
  6. Ниту љубовта, ниту пријателството, ниту почитувањето не можат толку да ги зближат луѓето колку заедничката омраза.
  7. Убавото воспитување не е во тоа да не истуриш сос на масата, туку да не забележш ако некој друг го направи тоа.
  8. Колку е убаво да седиш дома кога врне дожд по покривот и кога знаеш дека во твојот дом нема досадни луѓе.
  9. Кога сонцето грее и на гробишта е весело.
  10. Ако не знаеш што чувствуваш кон некој човек – затвори ги очите и замисли дека го нема. Никаде. Го нема и нема да го има. Тогаш, сè ќе ти биде јасно.
  11. Не можете од калта да барате да не биде кал.
  12. Циник е грчки збор, во превод на твојот јазик би значело свиња која сака целиот свет да знае дека е свиња.
  13. Сè знаат и сè разбираат само будалите и озборувачите.
  14. Кога човек нема вистински живот, тој живее од фатаморгана.
  15. Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот