Се задоволува ли правдата со условна осуда ?

0

Секојдневно се случуваат измами, кражби, разбојништва, тепачки, сообраќајни незгоди и многу други кривични дела.

Денес кривичните дела стануваат дел од човечкиот живот, бидејќи нема ден, а да не помине без некоја посебна случка. Најчесто спортските натпревари не поминуваат без инцидент. Последен пример за тоа е натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје каде што мечот беше прекинат заради тепачка во публиката.

Ваквите дела најчесто пред судот завршуваат со условна осуда во замена за казна затвор, ненавлегувајќи во тоа дали ваквите пресуди се поради пренатрупаноста во затворите или пак станува збор за несоодветното функционирање на алтернативните мерки.

Со самата условна осуда тешко може да се каже дека кај лицето казната ќе делува воспитувачки, бидејќи и целта на казнувањето е лицето да се рехабилитира, ресоцијализира и реинтегрира во општеството.

Но колку ќе се постигне целта ако лицето е условно осудено и во текот на пресудата никој не работи со него?

Ваквата пресуда најчесто делува заканувачки. Ако лицето не стори друго кривично дело во рок од 2 години, казната ќе заврши и нема да оди во затвор. 

Се утврдува дека осудените лица внимаваат во тој период. Но, тоа не значи дека нема да бидат повратници. Оваа опција, за жал, секогаш постои.

За време на условниот период, лицето има потреба од стручна помош, која што ќе работи на неговото поправање на соодветен начин.

Но, се уште не постои таков метод на функционирање и работење со осудените лица. Делумна причина за порастот на криминалот можеби е и тоа.

Секој има потреба од помош, најчесто психолошка, бидејки стручната помош е пат кон подобриот  живот.

Подготви: Бисера Момчиловиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.