Трпи бабо за убавина

0
Сигурно ви е позната онаа стара изрека „Трпи бабо за убавина“. Жените се такви суштества што за да изгледаат убаво би пробале сè.
Раликата од минатото до денес е во тоа што, денес женска убавина е сè освен природна. Во минатото жената ја негувала природната убавина, но многу од тие трикови кои биле користени биле навистина опасни, отровни и предизвикувале различни болести на кожата.  Денес пак имаме среќа што медицината е развиена гранка во општеството.
Еве неколку апсурдни начини кои во минатото претставувале начин на „нега“ на убавината на жената:

Португалска урина
Старите Римјани верувале дека користењето на урина од португалски народ е клучот за заштита на забите. Верувале дека миењето на устата со урина е начин на дезинфецирање бидејќи содржи амониjак. Тие ова го применувале до 18 век.1

Радиоактивна козметика
Во 1930 годинa французите произведуваат радиоактивна козметика која докажано ги стимулира виталните клетки и циркулацијата на крвта, ја подобрува и осветлува кожата, го отстранува целулитот, акните и црвените и воспалени делови  на кожата.
2Олово во прав наместо пудра
1700-те години биле навистина тешки за нега на лицето кај жената. Многу често на нивните лица останувале лузни од сипаници. За го прекријат тоа, како пудра користеле олово во прав избледувајќи ги црвените делови на лицето и давајќи му свиленкаст изглед. Оваа употреба на олово како пудра за лице можела да предизвика и парализа и мозочен оток.
3.Црно фарбани заби
Овој „тренд“ настанал во 1869 година за време на јапонската „Meiji“ ера. Мажените жени за да бидат модерни ги боеле забите со црна боја. Прво триеле кора од калинка за да ја добијат бојата, а потоа ја мешале со железни струганици и лисја од јапонско дрво „sumac“.4.

Смртоносни капки за очи
Жените во минатото за да имаат сјај во очите ги користеле плодовите на отровното растеније „Deadly Nightshade“ цедејќи ја течноста и ги ставале како капки во нивните очи. Негативниот ефект кој можел да се добие било слепило.
5.

Ларви за диета
Оваа несекојдневна диета се појавила во 1920 година. Голтањето на една ларва значело дека за вечера ќе ги споделите калориите со новиот гостин.

6.

Употреба на отров
Во 19 век жените верувале дека арсенот придонесува за женската убавина. Се употребувал само на полна месечина за да даде сјај на кожата и очите.
7.
Корсет
Викторијанската ера на жените е овековечена со корсетот. Тие за тенок струк не само што едвај дишеле заради стегањето со врвките на корсетот изработен од чипка, туку некои од нив ваделе и ребра за нивната фигура да добие што потенок изглед.8.
 Вештачки „дупчиња“

Во 1936 година, Изабела Гилбет ја измислила машината за правење на вештачки „дупчиња“ на образите. Жените сметале дека насмевката е попривлечна со „дупчиња“ на образите. Оваа направа ги притискала образите со две мали топчиња точно на местото каде што требало да се направат “дупчињата“ при смеење.

a