Се за убавина – Најопасните модни трендови од минатото

0

Една 36 годишна Австралијанка морала да биде подложена на делумен оперативен зафат за да ја „извадат“ од фармерките кои и биле премногу тесни и физички ја повредувале. Овој случај дава целосно ново значење на слоганот „жртви на модата“. Ако се навратиме низ историјата, ќе забележиме дека има многу модни моменти што ги повредувале луѓето, конкретно жените кои биле жртви во буквална смисла на зборот.

Корсети

Corset1878taille46_300gram

Корсетите имале намена да ја стеснат половината на жените и притоа предизвикувале тешкотии во дишењето, дигестивниот систем, внатрешно крварење, а не било исклучок и жените да се онесвестат. Во 1874 година, била објавена листа од 97 болести кои биле предизвикани од носење корсет, вклучувајќи и хистерија и меланхолија.

Кринолина

2638225-2

Во 19 век, кринолината била мега популарна. Сите дами ја носеле на секој важен настан. Многу случаеви на палење на здолништото биле пријавени, а некои завршиле со смрт на сопственичките. Во 1858 година, New York Times, пишувал во просек за три смртни случаи неделно како последица на запалени кринолини.

Високи јаки

t2078-collar-4

Уште еден моден изум од 19 век, кој овојпат ги вклучува мажите. Тие како моден додаток, биле мобилни и се менувале секој ден, за мажите да не мора постојано да ја менуваат кошулата. Заради нивната цврстина, често пати го запирале дотокот на крв. Во 1888 година имало случај кога еден маж во Њујорк се задавил од сопствената јака, но тој не бил единствената жртва на моменталната мода. Бројот на повреди и смртни случаи растел се додека овој моден додаток не бил целосно исфрлен од употреба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.