Сè што не сте знаеле за Македонија

0

Сите ја познаваме земјата во која живееме. Ги познаваме улиците, местата, градовите, знаеме за настаните кои поминале и кои следат. Затоа, решивме да го надополниме и потковаме знаењето кои го имаме со неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за Македонија:

  • Македонија е првата земја во светот каде има целосен пристап на безжичен интернет.
  • Се верува дека во црквите „Св. Богородица Пречиста“ во Кочани, „Св. Јован Богорски“ и „Св. Ѓорѓија Победоносец“ во Дебар се чуваат делови од крстот на кој бил распнат Исус.
  • Една од најпознатите хуманитарки и добитнички на Нобеловата награда, Мајка Тереза е родена во Скопје во чија чест е изграден и меморијален центар.
  • Скопје преживеа неколку големи потреси. Најголемите се случиле во 518 и 1963 година кога е уништен речиси целиот град, а во 18. век австро-унгарски генерал наредил градот да се запали. Пожарот траел два дена,  а неуништени останале само градбите од камен.
  • Вардар тече низ речиси 90 отсто од територијата на Македонија
  • Охридското езеро е едно од најстарите и најдлабоки во Европа. Најдлабоката точка е 288 метри, а се проценува дека е старо околу четири милиони години. Дури 200 ендемски видови живеат во него.
  • Од сите југословенски територии, Македонија е единствената која својата самостојност да доби на мирен начин без војна.

714973_orig

  • Македонија е една од земјите кои има најмногу планински врвови кои се наоѓаат на  34 планини, а ниту еден не е понизок од 2.000 метри надморска висина. Највисока планина е Кораб чиј врв достигнува 2.753 метри.
  • Македонското државно знаме е изгласано за второ најдобро знаме од страна на „World Almanac’s editor“ во 2002 година.
  • Првото словенско училиште, Охридското училиште е отворено во Македонија од страна на Свети Климент од Охрид.
  • Македонскиот опиум е еден од најдобрите во светот, со 14 морфиум единици, во споредба со Турција 6, Индија 7, и Кина 8.
  • Етничката мешаност во Македонија била инспирација за да се создаде салатата Македонија во која се измешани овошја и зеленчуци, а оваа салата е позната во Франција, Италија, Шпанија и Латинска Америка.

Извор: Интернет

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.