Се што не сте знаеле за Бијонсе

0

По 3 годишно отсуство, познатата пејачка со спектакуларно шоу се појави на 50-тото Super Bowl издание. Покрај нејзиниот самостоен настап, заедно со Coldplay го изведоа нивниот синглот “Hymn for the Weekend”, а потоа сцената ја делеа и со Бруно Марс. Тие направија вистинско шоу кревајќи ги сите фанови на нозе.

160207215910-12-super-bowl-halftime-2016-exlarge-169

Покрај последните новости поврзани со пејачката, таа во саботата го промовираше и нејзиното ново видео за песната „The formation“.

Во продолжение ви откриваме 5 работи кои не сте ги знаеле за Бијонсе…

1. Бијонсе приказната за нејзиното име ја сподели во документарецот на HBO – „Life is but a dream“. Таа вели дека нејзината мајка Тина мислела дека немаат доволно момци во фамилијата – па Бијонсе го добила името како мала „преработка“ на средното име на нејзината мајка Beyincé, што всушност било машко. Така, со мала измена нејзината мајка и го дала името Beyoncé.
beyonce-blue-ivy-main

2. Талентот на Бијонсе бил откриен од нејзината учителка по танц уште во раното детство.”Јас ќе започнев песна таа ќе ја завршеше – тоа беше навистина восхитувачки” – изјавила учителката, Дарлет Џонсон во интервјуто во 2013 година за CNN.

„И велев да пее одново, но таа не сакаше бидејќи беше срамежлива. Но, и ветив дека ќе добива по еден долар со секое наредно пеење и таа почна повторно да пее“. Кога нејзините родители доаѓаа да ја земат од училиште им го соопштив следново: “Таа знае да пее. Таа пее навистина добро”!
beyonce-jay-z-blue-ivy
3. Во 2010 година Бијонсе ја донираше нејзината комплетна заработка од филмот во 2008 година на Cadillac Records, каде ја глуми пејачката Ета Џeјмс.
„Со улогата во овој филм сфатив дека сите ние водиме некаква битка во животот и дека постојано имаме предизвици што треба да ги надминеме. Особено, зависноста од дрога“- изјави Бијонсе. Таа додава дека за овој проект се потсетила и на нејзиното детство кога постојано била во фризерскиот салон на нејзината мајка, а тоа и претставувало вистинска инспирација. „Забележав дека салонот е место каде што луѓето се социјализираат и споделуваат приказни, плачат и се смеат, а добиваат и совети, најважно е тоа што забележав колку радост и донесе тоа на мојата мајка“.
2781C96600000578-3036361-Bridesmaids_Both_Beyonce_and_Solange_were_said_to_have_worn_whit-m-46_1428891393837

4. Бијонсе го промовираше својот четврт студиски албум- „Year of 4“ во 2011 година, а значењето на бројот е од голема важност за неа.
„ Сите имаме посебни бројки во животот, а 4 е мојот број“- изјави таа. „На тој ден сум родена, на тој ден е родена и мојата мајка. 4 Април е денот на мојата венчавка“.  Бијонсе и Џеј Зи имаат римски бројки тетовирани на нивните прсти, а воедно се вели дека и името на нивната ќерка, Ivy на римски значи (IV).
beyonce-4hq-1024x1024

5. За време на MTV видео музичките награди во 2011 година, Бијонсе ја открива својата бременост пред светот танцувајќи на нејзината песна „Love on Top“. Таа носеше долло светкаво сако со кое беше покриен нејзиниот стомак, а со завршување на настапот реши да ја израдува публиката и фановите ширум светот откопчувајќи го сакото и покажувајќи го стомакот. Ова ја внесе во Гинисовата книга на рекорди бидејќи за една секунда настанот стана најтвитуван во историјата на музичките награди.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.