Се што не сте знаеле за белата чоколада

0

Белата чоколада е мешавина од шекер, какао путер и млечни делови. Првпат е произведена нешто пред Втората Светска војна. Голем број извори велат дека во 1930 година била произведена во Швајцарија каде впрочем се направени најубавите чоколади во светот. Години подоцна, претпијатието M&M станало официјално прво претпријатие кое произведува бела чоколада во САД.

Иако, многумина не ја признаваат како чоколада, ова слатко има преубав вкус. Млечната и црната чоколада се познати по тоа дека содржат мала количина на кофеин кој допринесува за поголема енергија. Оние пак, кои имаат проблеми со внесување на кофеин, може слободно да конзумираат бело чоколадо кое не може да им направи никаков проблем.

Белата чоколада содржи многу калциум, фосфор и витамин Б2 кој е познат под името рибофлавин. Сите овие состојки се клучни за правилно функционирање на организмот.

Затоа, оние кои уживаат во овој вкус, може слободно да продолжат да го внесуваат секојдневно, секако во умерени количини.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот