Се што не сте знаеле за бакнежот – Втор дел

0

Бакнувањето е многу повеќе од физички контакт, тоа е уметност и едно од најинтимните нешта кои можеме да ги доживееме.

Споделуваме неколку интересни и забавни факти што можеби не ги знаевте за бакнувањето…

1. Кога се бакнуваме, користиме 146 мускули
Не само што ги користиме мускулите на лицето додека се бакнуваме, туку користиме и 112 мускули од целото тело.

2. Бакнувањето го намалува стресот
Познато ни е дека паровите кои често се бакнуваат имаат посилна поврзаност во врската. Науката докажала и дека мажите и жените имаат намалено ниво на кортизол после 15 минути бакнување, што покажува дека овој сладок чин исто така го намалува стресот.

3. Стилот на бакнување се развива пред да се родиме
Според едно истражување повеќето луѓе се бакнуваат со главата навалена на десно, а се верува дека поставеноста на бебето во матката може да го дефинира стилот на бакнување.

4. Фразата француски бакнеж“ не потекнува од французите
Всушност овој израз го измислиле британските и американските војници после Втората светска војна кои го искусиле овој начин на бакнување со французи, од каде произлегло
француски бакнеж“.

5. Преку бакнувањето се пренесува тестостерон
Докажано е дека плунката содржи тестостерон, па логично е со размената на плунката да се пренесе и овој хормон, кој ја зголемува сексуалната желба.

6. Бакнувањето може да биде зависно
Бакнувањето предизвикува еуфорија поради лачењето на ендорфин и зголеменото ниво на допамин кој ги контролира центрите за задоволство. Затоа коа се бакнуваме секогаш сакаме повеќе.

Поврзана содржина:
Се што не сте знаеле за бакнежот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.