Се селите во нов стан – има неколку важни работи кои треба да ги набавите

0

Радоста е голема кога се случуваат нови работи во животот на секој човек. Една од поголемите промени е преселување во нов стан како дел од независниот живот. Но со тоа доаѓаат и одредени стравови, најпрво околку финансиите, кои откако ќе се пресметате, тоа го ставате на страна знаејќи на што сте.

Следната работа која може да ја зголеми паниката е уредување на новиот стан. Милион прашања почнуваат да се редат, како да се уреди, колку пари ќе требаат и што е најважно од каде да се почне и како да набави најитнтоо и најпотребното.

Седнете и направете список на работите од кои имате потреба. Оние основните. Така ќе се смирите и ќе можете полека да го средувате домот.

Дневна соба

Дневната соба е дел од домот каде ќе поминувате голем дел од времето. За тука ќе ви биде потребно на почеток да купите гарнитура, клуб масичка, телевизор и комода за телевизорот, мали наткасни и лампи кои ќе ги ставите на нив.

Кујна

Следната просторија е кујната. За таму ќе ви треба фрижидер, рерна, мијалник за садови, маса и шест столици, сет филџани и чаши, минимум 6 на број, прибор за јадење и готвење, кујнски крпи, корпа за ѓубре и средства за миење садови. Кујната е крвотокот на секој дом, така што набавете ги основните работи, а потоа се друго.

Бања

Без хигиена нема да можете. Првата работа која ќе ви биде потребна за таму е машина за перење алишта. Бидејќи санитариите доаѓаат вклучени во станот, машината е нешто што мора да го имате. Ќе ви треба детергент и омекнувач за алишта, средства за бањање, пешкири, корпа за ѓубре како и средства за чистење на бањата.

Спална соба

Уште една просторија која што мора да ја опремите е спалната соба. Тука не морате да вложувате премногу на почеток бидејќи можете тековно да ја средите. Тоа што мора да го купите е кревет и плакар. Останатите детали ќе ги набавите подоцна

Овие неколку простории се примарни за уредување. Ако станот кој го купивте е поголем, односно има повеќе соби, не мора сите наеднаш да го добијат крајниот изглед. Потребното и корисното пред сè останато  – тоа е правилото.

А сега, без паника полека почнете да купувате за да можете да го уредите вашиот прв дом.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот