Се сеќавате ли на замисленото другарче од детството?

0

Според психолозите, децата во третата година често имаат така наречени имагинарни другари во играта. Тие си замислуваат другар во својата фантазија и со него си играат, цртаат, ручаат, спијат… Некогаш едно дете може да создаде и цела армија на пријатели во неговата имагинација.

Колку и оваа појава да е невообичаена за возрасниот родител, факт е дека дека две третини од децата имаат замислен пријател во некој дел од нивниот развој, што укажува на тоа дека вашето дете има нормално однесување.

Децата создаваат другар во нивната фантазија и кога се соочуват со некоја ситуација која не можат да ја разберат, па, за тоа разговараат со нивниот измислен пријател. Измислените пријатели не се само другари на вашите деца. Тие се заштитници, рамо за плачење и емоционална подршка за вашето малечко.

Нема потреба од грижа, доколку детето се однесува нормално, комуницира со вас и реалните другари и се адаптира во средина со нови луѓе. Со време, измислениот пријател на вашето дете ќе  исчезне, без оглед на тоа дали детето ќе го заборави или ќе одлучи да го врати во неговиот дом. Најчесто, измислените пријатели исчезнуваат кога децата започнуваат да одат на училиште.

Па, имавте ли вие замислено другарче додека бевте деца? Се сеќавате ли на него и неговото име?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот