Се сеќавате на првото сексуално искуство?

0

Ова е тема на која може да се слушаат лични приказни до бескрај. Сечија ќе биде различна и единствена. За некого позитивно, за некого негативно искуство, но главно сите се сеќаваат на првиот пат.

За девојките целиот чин по некое непишано правило е емотивен и физички поразлично отколку кај мажите, бидејќи се чувствува болка.

Секој не сака да зборува за првиот пат, не сака да се сеќава и се тоа од причина што сите ние имаме некаква поинаква перцепција за тоа како треба да изгледа.

Го замислуваме филмски, романтично, а реалноста е друга. Се тоа изгледа несмасно, по малку комично и завршува многу брзо.

Момците се тие кои го чувствуваат товарот да го имаат првиот секс што порано, оти во спротивно ќе бидат неискусни во друштво. Интересно е што голем дел од нив лажат пред пријателите, додека се во тинејџерските години, веќе се искусни.

article-2261131-0E3E454B00000578-193_468x312

Но, тоа е најмалку важно. Тоа што е важно е дека првиот секс треба да се случи кога личноста ќе биде подготвена, без притисок и без оправдувања пред друштвото.

На првиот секс ќе се сеќавате целиот свој живот, нема да биде со истиот жар и чувства како тогаш, но дефинитивно ќе го имате како спомен. Можеби нема да се сеќавате на името на момчето или девојката, но на чувството кое сте го имале во тој момент – да. Ќе ве враќаат мириси, музика која можеби сте ја слушале, конкретна песна и многу детали кои засекогаш ќе ги носите со вас.

Првите работи никогаш не се забораваат, па затоа не се трудете да го заборавите ниту првиот секс, без разлика колку бил чуден и не ги исполнил вашите очекувања.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот