Се сеќавате ли на омилените серии од 1990те? (видео)

0

Ви недостига времето од 1990-те кога имаше серии кои со нетрпение го очекувавме на телевизија? Тогаш го немавме луксузот да ги најдеме на интернет и моравме да чекаме на закажаните терми од страна на ТВ станицата, една од трите кои ги следевме.

Програмата се печатеше во весник, ако сакавме да бидеме во тек, таму беа сите информации.

На возбудата ѝ немаше крај штом ќе ја слушневме најавната шпица дека треба да почне некоја серија или филм.

Семејно се гледаа овие серии, сите не креветот пред телевизорот и уживањето можеше да почне. Пуканки подготвени, палачинки со крем или мармалад, кој како сака, сето тоа ставено на клуб масичката во дневната соба. „Беверли Хилс“, „Полна куќа“, „Чекор по чекор“, „Принцот од Бел Ер“ се само дел од сериите кои ги обожававме.

А уште повозбудливо беше кога овие ликови ќе се најдеа на средишната страница на некое од списанијата па можевме да ги искористиме како постери.

Денес, за жал, списанија скоро и да нема. Новите генерации не знаат како е да ги лепиш постерите од омилените актери или бендови на ѕидовите во собата. Дури и сериите веќе не се чекаат со толку голема желба, бидејќи, ако ја пропуштиме новата епизода, веднаш ќе можеме да ја симнеме од интернет.

Признајте, понекогаш ве фаќа носталгија, и по омилените серии и по тие безгрижни, поинакви времиња.

Затоа само малку ќе ве вратиме назад… Уживајте во насловните теми на некои од нив.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот