Се сеќавате кога пишувавме писма

0

Пишаните изјави остануваат подолго отколку кажаните. Нив времето може да ги избрише, тековните настани да влијаат да чувството кое сте го имале во моментот, но тоа што е напишано останува засекогаш. Затоа пишувајте. Не се трудете писмото да изгледа совршено, туку потрудете се да биде ведро, со многу љубов и искреност. Најчистите и најискрени емоции доаѓаат спонтано.

Телефонски можете да се слушнете и десет пати во денот и да си кажете „те сакам, ми недостигаш“, доколку никогаш тоа не сте го напишале, тогаш голема грешка сте направиле. Замислете ваква ситуација: денот ви е тежок, не сте во можност да се слушнете и моментално чувствувате потреба од убав збор, ако го имате тоа написмено, на маил, на смс порака верувајте дека насмевката во истиот момент ќе ви го облагороди лицето. Истражување направено на Универзитет во Индијана ја покажало предноста од пишаните пораки во однос на говорните. Емотивното возбудување кај испитаниците кај тие што добиле пишани пораки било за двапати поголемо отоколку кај другите.

55ba1ba81400002e002e15be

Кога пишуваме, имаме шанса да кажеме што ни лежи на душата и имаме шанса да го дефинираме нашите чувства. Личноста која го чита писмото ќе има доволно време да ги прими и сфати информациите. Но бидете свои, не користете веќе чуени фрази од писатели и големи мислители.

Евоцирајте заеднички спомени и случки, напишете ваша приказна. И вистина, живееме во дигитално доба, но не го заборавајте и пишувањето писма на лист хартија, тука лежат безвременските емоции на кои секогаш ќе сакате да се навратите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.