Се прашувам само кој ќе го прави сето ова ”НИШТО”, кога ќе ми заврши породилното?

0

Колку пати сте го чекале сопругот да се врати од работа, со ручек на масата и насмевка насмевка на лицето, очекувајќи дека едвај ќе чека да ја види својата ќеркичка и да си поигра со неа, дозволувајќи ви вам заслужен одмор?

Следново се случува почесто:
Тој доаѓа дома од работа, го гали детето набрзина и седнува да ужива во својот ручек, додека вие на неколку чекори од трпезата се борите со детето кое постојано плаче. И тогаш? Тогаш тој кажува дека оди да се одмори бидејќи само што дошол од работа, работејќи цел ден се уморил…

Ма немој! А јас сум на годишен одмор!
Колку од вас сметаат дека кога се на породилно, не прават ништо?
Ако вие не сметате така, половина од вашето опкружување мисли.

Па, драги мои, да. Ние не правиме ништо освен што не спиеме редовно поради доење, се будиме минимум еднаш во текот на ноќта, стануваме во првата зора заедно со детето. Треба да се пресоблече? Нахрани? Зар не треба некој да си игра со него? Алиштата не се перат и пеглаат сами од себе. Што е со купување поклони за родендени, организирање родендени, уредување, чистење, хранење, пресоблекување и се трудиме и да бидеме мили кога не ни е дојдено до тоа, бидејќи бебето значи среќа и само среќа која мора да се одржува 24 часа дневно. Памтење се и сешто, бидејќи нели ние сме дома, а тој е на работа.

Ние не правиме ништо, туку само планираме и броиме. Ние сме потсетници во движење за се што треба. Како ли некогаш жените одгледувале деца без сите овие предности кои ние денес ги имаме. Не знам како и им се воодушевувам.
Само се прашувам кој ќе го прави сето ова ”ништо” кога моето породилно ќе заврши.

Бебето, гарант.

Извор: family.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.