Се прашувам… Постојано!

0

Понекогаш, ме мачат невообичаени прашања. На пример, денес се запрашав дали би била посреќна ако се родев на некое друго место, во некое друго време… Ако можев ќе се родев во времето на италијанската ренесанса… Ќе се трудев да го променам светот. Ќе творев. Ќе делував. Ќе се осмелев да пишувам за моите најскриени страсти…
Но, што ме спречува сега да го направам тоа иако сум родена во дваесеттиот век, на мало парче земја каде конзервираноста и патријархот се уште имаат корени…

femme-pensive
Си ставам ли сама на себе пречки само за да исполнам некои општоприфатени норми и да не ги прекршам силните непишани правила на однесување?
Па, доста е! Ќе почнам да го менувам светот. Не вашиот, мојот. Ќе си го обојам во највеселите бои, ќе засадам цвеќе, ќе пеам се додека имам сила.
Ќе творам. Ќе создавам среќа во срцата на оние што ги сакам. Ќе направам луди нешта за да ги насмевнам. Ќе ги сакам.
Ќе делував… Да се променат перцепциите на оние кои заглавиле во монотонија и сивило, оние кои го загубиле сјајот од очите.
И се осмелувам да пишувам за најскриените страсти. Секојдневно, ги испишувам на неговото тело.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот