Се подготвува 53-тото издание на „Рациновите средби“

0

Педесет и третите „Рацинови средби“ ќе се одржат на 9ти и 10ти јуни во Велес, во организација на Здружението на граѓани „ФАД Стоби“.

На програмата се најдоа интересни настани кои ветуваат едно поразлично издание на оваа манифестација. „Рациновите средби“ ќе започнат со поетски митинг и балетски перформанс на Олга Панго. Вториот ден Вечерта ќе биде одржан поетски митинг и балетски перформанс на Олга Панго. Следниот ден Елизабета Шелева ќе води разговор на тема: ’Љубовната поезија на Рацин’. На завршната вечер, покрај портрети на добитниците, концерт на духовна музика ќе одржи градскиот црковен хор Св. Пантелејмон. Меѓу содржините се и промоцијата на муралот „Ленка и тутуноберачите“, дело на учениците од гимназијата „Кочо Рацин“ на просторот околу Градскиот саат.

Организаторите информираа дека за наградата „Рациново признание“ пристигнале 18 прозни дела кои се издадени помеѓу двете манифестации, а за лани востановената награда „Антологија на болката“ за најдобра дебитантска збирка пристигнале исто така 18 пријави од кои пет не биле земени предвид.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот