Се бара коњаникот што ми го живее животот

0

Знам дека беше март 2015 година, околу 22:30 часот, возејќи низ скопските населби, поточно каде што се наоѓа општината, пред мене наеднаш се појави непознатиот јавач кој со својот коњ јавајќи помина покрај мојот автомобил. Кога видов што се случува, се фрапирав, ми позастана воздухот, но брзо се сфатив дека е реалност и тргнав да возам по него. На оваа улица лево, на другата десно, се изгуби по сокаците кои водат од Кисела Вода кон старата железничка.

Ситуацијата комплетно ме збуни само едно знам, во себе си реков, овој човек го живее животот по кој од секогаш сум мечтаела.

Прекрасен коњаник со шешир, марама на неговото лице, класична мистерија, човек кој не ни знам кој е но морам да го најдам, со овие зборови влегов кај другарка ми и со воодушевување и раскажував во каква “филмска” сцена влегов.

Знам само дека ми рече, “Жено смири се, како ќе го најдеш, а башка поима немаш ни кој е ни што е” за што беше сосема во право, но сепак и одговорив на нејзиното “ Знам, но тоа е тоа што јас сакам да го правам, тој ми го живее животот, всушност со таков човек би го живеела и јас животот, морам да го најдам. “

Приказната не заврши тука, цела ноќ не можев да заспијам, сликата ми беше пред очи. Следното утро напишав и стаус на фејсбук “ Се бара коњаникот што ми го живее животот” и многу нормално сите го сфатија како голема шега и така заврши приказната, која всушност и не заврши туку од тој миг и започна.

Да, точно е дека помина долго време никогаш не го сретнав, но верувам во она што ќе го посакам, ама онака од дното на душата.

Кога споменав погоре дека ми го живее животот, всушност од секогаш сум замислувала и сум посакувала да имам сопствен коњ со кој ќе можам и да отидам на вечерно излегување низ скопските улици. Преку ден не би го правела тоа поради големиот метеж на автомобили, преку ден би уживала во рајските дворови без огради на нашите планини, долини и низини.

Енергијата која што можат да ви ја подарат коњите може да ви го насочи умот да отидете и на места кои што никогаш не ни биле на вашата патувачка авантура во животот и да ве однесе на место кое што веднаш ќе прегрне, каде што дождот го чувствувате како самовилски извор, каде што ветерот ве погалува толку нежно, каде што не знаете и на што ќе наидете.

Непознатиот коњаник исчезна, не се појави повеќе, се до овој први април. Го забележав во Дебар Маало, срцево ми застана, успеав само да го сликам бидејќи одјава и ми избега од пред очи.

Веднаш на другарка ми и ја пратив фотографијата со порака “Нели ти реков дека постои! “ и потоа ја испратив и на мојот facebook профил, па потоа истата отиде и по портали и секаде, но коњаникот повторно исчезна.

Кога веќе ја споменав енергијата, не знам што всушност ме натера, при толку коњанички клубови во околината на Скопје, јас резервирав да јавам на Бистра.

Утрото беше прекрасно, се тргна прво кон Маврово каде што се уживаше во изгрејсонцето. Всушност, сонцето тоа утро ми испрати посебна насмевка. Стигнавме и до ранчот, додека траеја подготовките небото се затвори, почна да врне, да дува, комплетно се промени денот, но јавањето по убавата Бистра не се одложи. Времето беше лошо, коњот на кој јавав ме истошти, сепак уживав во убавините на Бистра и дивеењето на мојот партнер.

Бев премрзната и уморна, па по завршувањето на јавањето се упатив кон селото да ги најдам другарките. Кога влегов во кафеаната што е веднаш на почетокот на селото одеднаш слушнав како некој го изговара моето име. Се завртев кон вратата, пред мене стоеше непознат човек, кој што во себе длабоко имав чувство дека го познавам, но сепак си пруживме рака како сите непознати и потоа ме покани да седнеме не неговата маса, всушност веќе не е ни битно чија е масата бидејќи моите другарки седеа тука, имаше и непознати луѓе и наеднаш стана тотален хаос.

Ме праша како сум поминала на јавање,  ме знаел која сум и со кого сум дојдена. Започна прекрасна комуникација која што влегуваше од една во друга тема, дијаметрално различни, но сепак разговорот течеше беспрекорно, просто и да не ти се верува дека постои се уште некој таков на оваа планета.

Целиот ден се одвиваше прекрасно, со смеа, шеги, приказни од животот и застана во еден момент кога јас почнав да раскажувам за коњаникот кој два пати се појавува пред моите очи и веднаш исчезнува.

Во тој миг ми се насмеа и ми рече “Ти се шегуваш? “ , му одговорив “Не, зошто би се шегувала, сакам да го запознаам човекот, еве види го на слика, ова е од први април оваа година”. Во тој миг го отвори неговиот телефон и ме праша “Овој човек го бараш?”, да истиот е само на друга локација, одговорив. Повторно ми се насмеа и ми рече “Штотуку го запозна пред половина час” и ми ја смрзна крвта и лицето. Едноставно не знаев каде сум, но не дозволив другите да забележат што всушност се случува во мојот организам, кој во тој миг беше во поголем хаос од целиот тој хаос што го правеа останатите на што седеа на масата. Сите се шегуваа на сметка на целата ситуација, вклучувајќи го и него, вклучувајќи се и себе си. Не бев ни малку свесна што се случува, се беше измешано, повеќе и од едно реално шоу со вкупно 200 емитувања. Ме фати паника, страв и немир од целата слобода што ја имав тој ден со непознатите луѓе, не знаев ништо друго освен дека во моментот имаше две енергии кои патуваат со некоја супер брзина на светлина и на звук, една кон друга. Во себе го поставив прашањето уште еднаш “Дали е ова тоа што јас го сакам?”. Уште пред да се прашам во себе си веќе си одговрив со едно големо “ДА” .

Се вративме во Скопје, и многу нормално со нетрпение чекав да го видам и секој пат кога требаше да го видам се радував во себе, бидејќи не сакав да предизвикам страв, паника или пак некоја друга лоша ситуација. Сето тоа беше поради стравот дека се набрзина се случува и не сакав да се погреши во ниту еден момент.

Нашите енергии беа се поблиску и поблиску. Ако сакате да ви објаснам конкретно тоа изгледаше исто како два воза кои што возат еден кон друг на иста шина си иста или слична брзина и потребно е само уште неколку метри и да се судрат еден со друг. Во таков миг кога гледаш филм секогаш навиваш да се појави некој кој ќе ја крене рачката и ќе ги пренасочи шините за едниот воз да појде во друг правец за да се избегне катастрофата. Но, во оваа сцена најголемата катастрофа беше тоа што непознатиот коњаник сам ја крена рачката од шините и одјава во непознат правец. Можеби тој мисли дека е непознат правец, тоа е многу познат правец кога сакаш да избегаш од стравот на реалноста и да се упатиш во правец без цел.

Приказна на една скопска девојка…