Сарказмот е добар за нашето здравје

0

Во секое друштво, секогаш има барем една личност која има забелешки и секогаш има подготвен саркастичен коментар на секоја ваша реченица. Меѓутоа, таквите коментари се всушност добри за вас и за дежурниот саркастичен коментатор од вашето опкружување.

Најновите истражувања покажуваат дека сарказмот е прилично добар и за личноста која го покажува како и за личноста кон која е упатен. За да го прифатите и разберете сарказмот, вашиот мозок мора да размислува креативно. Секој пат кога ќе изговорите некоја саркастична досетка, или ќе ја забележите кај некого, се активира вашата креативност.

Единствениот недостаток е тоа што ова не важи за сарказмот на интернет, кој во последно време добива епски пропорции. Логично е што ова не важи кога се искажува на интернет бидејќи може многу лесно погрешно да се протолкува коментарот кога го читаме, за разлика од кога ќе го слушнеме во директна комуникација во живо.

Па така, секој пат кога ќе имате прилика пофалете го вашиот пријател или пријателка за прекрасните соленки со поминат рок, кои ви ги поклонил за роденден, честитајте и на вашата сосетка за одличните возачки способности-и покрај тоа што има 163 казни за возење, заблагодарете се на вашиот колега/колешка, што секое утро ви го разубавува со своето пеење, кое повеќе личи на крик на тешко рането животно отколку пеење. Кој знае, можеби токму поради ваквите коментари ќе добиете некоја креативна идеја која ќе ви помогне на работното место, освен ако немате креативност во вас. Во тој случај не ни пробувајте.


При објавување на материјали од порталот
www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот