Сара Џесика Паркер се враќа на малите екрани

0

После цели 12 години, ѕвездата на култната серија „Сексот и градот“ се враќа на малите телевизиски екрани. Сара Џесика Паркер ќе ја гледаме во серијата на HBO која го носи името „Divorce“.

Во серијата, Паркер ја глуми Францис, жена која се одлучува да направи пресврт во својот живот и да се разведе од својот сопруг чија улога ја портертира актерот Томас Хајден Чрч.

На екраните ќе имаме можност да ја гледаме најдолгата бракоразводна постапка во историјата на телевизијата. Серијата ќе се емитува на каналот HBO од септември.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар