Сандра Булок, Ријана и Кејт Бланшет изгледаат опасно, моќно и подготвени се за акција

0

Можеби мислите дека е рано да се предвидат модните трендови за 2018 година, но се лажете. Доволно е да ги погледнете првите официјални фотографиите направени на снимањето на филмот „Осуммината на Оушн“ и да сфатите дека тие се веќе поставени.

Сандра Булок и Кејт Бланшет се новите Бред Пит и Џорџ Клуни. Изгледаат опасно, моќно и подготвени се за акција. Секако, овие две дами не би биле комплетни без остатокот од остроумната екипа, овој пат дополнета со Хелена Бонам Картер, Ријана, Ен Хетавеј, Минди Колинг, Авкафина и Сара Полсон.

Иако деталите за филмот и понатаму се чуваат во тајност, познато е дека Сандра Булок ја има улогата на Деби Оушн (сестрата на Дени Оушн, кого го глуми Џорџ Клуни) и оттука почнува сè.

Исто така се знае и дека девојките скоро во целиот филм изгледаат како да се излезени од модна писта или како да се подготвени да се прошетаат на црвениот килим.

За нивниот изглед во филмот се погрижија, меѓу другите, Зак Посен, Александар Венг, Барбери, Ели Сааб, Живанши…

Филмот започна да се снима минатата година, а премиерата е закажана за јуни 2018 година. А додека ја чекаме, можеме само да уживаме во фотографиите што почнаа да се појавуваат и веруваме ќе има уште.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот