Шамони, еден од најпознатите ски центри во Франција

0

Франција, Австрија, Швајцарија – ова се трите омилени ски дестинации на луѓето од Европа. Но, кога е во прашање Франција, тогаш одговорот може да биде само еден – Шамони.

Овој познат ски центар е местото каде што се одржале првите Зимски олимписки игри далечната 1924 година. Истовремено, ова е еден од најважните алпинистички центри во светот, бидејќи Шамони се наоѓа веднаш под Мон Блан, чин највисок врз е 4810 метри.

Ова живописно место е вистинска туристичка атракција и на лето и во зима. Се наоѓа на границата со Италија и со Швајцарија, заради што посетителите можат да прошетаат и до овие две земји ако се расположени за авантура.

Шамони има да понуди навистина многу. Туристите ги привлекува погледот на огромната планина пред нив, но и можноста да скијаат на неа. Со ски лифт се стигнува до 3842 метри, а нагоре одат само алпинистите со полна алпинистичка опрема. Всушност, од Шамони тргнуваат и најголемиот број експедиции за Мон Блан. Во самиот град се наоѓаат многу споменици на оние кои се обиделе да го освојат овој врв, но не успеале.

Во близина на Шамони е глечерот Мер де Глејс. Дотаму се стигнува со воз, а глетката на него е неверојатна. Ова е еден од најголемите глечери во Франција, со должина од 7км и површина од 40км2.

За разлика од повеќето светски ски центри, Шамони е раздвижен во текот на целата година. Во текот на летото нуди бројни активности како што се планинарење, возење велосипеди или едноставно уживање во малото гратче.

Но, наша препорака е да го посетите во зима, особено ако скијате, бидејќи доживувањето да се спуштате по долгите, величествени ски патеки не може да се опише со зборови – само да се доживее.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот