Само едно јајце дневно ќе направи чуда за вашиот организам

0

Сите знаеме дека јајцата се добар извор на протеини, обезбедуваат енергија на дневно ниво, но на долгорочен план организмот има многу позитивни проидобивки за кои не сме биле свесни. Со едно изедено јајце се случуваат следните промени во организмот:

Едно јајце содржи речиси 22 % селен, што е препорачана дневна доза, се зајакнува имунитетот и се регулираат хормоните на штитните жлезди.

Со јајца во секојдневната исхрана не мора да се грижите за зголемување на холестеролот, бидејќи јајцето прави одличен баланс помеѓу добриот и лошиот холестерол.

food-rules-art

Во едно јајце има 15% од препорачаната дневна доза на витамин Б2, кој храната ја претвора во енергија. Исто така богати се со витамините Б5 и Б12 кои се од клучно значење за здрава кожа, коса, црн дроб како и за правилна функција на нервниот систем.

Видливата промена која ќе ја забележите, ако секојдневно консумирате јајца е губењето на килажата. Заради обилното количество на протеини, ќе имате подолготрјано чувство на ситост, помал апетит, а тоа значи и дека ќе јадете помалку.

Блескавата насмевка и здравите коски ќе бидат загарантирана здравствена состојба ако јадете барем по едно јајце дневно. Тајната е во тоа што јајцата се ризница на витаминот Д, кој е непоходен за здрави и јаки заби.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.