Сама или во врска со погрешен маж?

0

Нашите баби и мајки го оправдувале она „ќерко, подобро да си во брак, отколку да остариш сама“. Ние се водиме од други правила – подобро сингл отколку во врска со погрешен маж. А такви погрешни мажи има многу…

Само, како да знаете дека тој не е за вас?

Имате ли понекогаш чувство дека мажот со кој сте започнале врска и понатаму е „заглавен“ во претходната? Или во онаа пред неа? Ако тој не може да престане да зборува за својата поранешна девојка, ако се спомене нејзиното име и во сосема различен контекст, а тој се „сецне“, тогаш, веројатноста дека не ја преболел и дека е и понатаму вљубен во неа е многу голема. Во врска со овој маж никогаш нема да сте на прво место.

Бидејќи ниту една жена не заслужува непочитување и навредливо однесување, најмалку не од својот партнер, важно е да се оддалечите од мажот кој со вас се однесува надмено, арогантно и навредливо. Никој не може да тврди дека таа вербална ароганција еден ден нема да се претвори и во физичка.

Избегнувајте врска со маж кој лаже, таа нема иднина. Ако дознаете дека тој манипулира со вас, секој следен пат кога ќе ја „отвори устата“ ќе се прашувате дали е искрен или повторно лаже. А сомнежот не само што ќе влијае на вас, туку може да го разбесни и него, особено кога ќе ви ја каже вистината, а вие се сомневате.

На вашата „НЕ НЕ листа“ треба да се најдат и мажи кои се мрзеливи. Секако, има разлика ако тој е невработен или само мрзелив. Ако тој цело време лежи пред телевизорот и не мрда со малиот прст, ниту, пак, покажува некакви амбиции, тој е човек кој сигурно нема да ви понуди голема сигурност ни во иднина. Затоа, оставете го сам со својата мрзеливост.

Ниедна жена не треба да се задоволи ни со маж кој никогаш нема време, особено ако нема време за неа. Да, сите имаме обврски, ама ако му е полесно да најде изговор отколку начин да биде со вас, тогаш не губете си го времето залудно. Ако нема време сега, нема да има време никогаш.

И запомнете, нашите мајки и баби навистина не биле во право… подобро е да си сам, отколку во лоѓа врска што задушува и црпи енергија. Свртете му грб на мажот што прави да не сте своја и најдете маж кој ќе ви се посвети со целото свое битие. Бидејќи, верувајте, такви мажи постојат.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот