Сакате рамен стомак? Пробајте ги следните намирници

0

Продуктите кои ги консумираме постојано, во голема мера влијаат на изгледот на телото, посебно на стомакот кој е најтешко да се доведе до совршена форма. Нема жена која не посакала да има рамен стомак. Обично оваа мисла се интензивира на пролет кога доаѓаат топлите денови и кога се мисли на плажа и костими за капање. Затоа, сега е иделано време да се почне со соодветна исхрана, односно да се внесат следните состојки кои помагаат во намалување на стомакот.

Нутриционистката Касандра Барнс од Лондон, Британија, која е многу активна со своите совети на социјалните мрежи, овојпат пишува за состојките што влијаат на изгледот на стомакот. Станува збор за состојки кои позитивно влијаат на изгледот, но многу повеќе и на здравјето на човекот.

Лук – неговите антигливични и антибактериски својства влијаат благотворно на дигестивниот систем и на желудникот.

Кимичи – ова е традиционално корејско јадење од ферментирана храна подготвено со кисела рендана зелка. Потсетува на киселата туршија, а во него се содржани повеќе видови зеленчук и зачини. Делува како природен пробиотик и позитивно влијае на варењето.

Ѓумбир – го стимулира производството на желудочна киселина и дигестивните сокови и помага храната побрзо да се движи низ цревата.

Артичоки – одличен извор на инсулин, природни влакна и се одличен природен пробиотик.

Мисо – ова е ферментирана паста од соја или ориз. Кај нас ретко се користи во исхрана, но во азиската кујна е многу присутна. Содржи висок процент од бактеријата Lactobacillus, како и ензими кои добро делуваат на дигестивниот систем. Може да се додава во секое јадење.

Јаболков оцет – многу луѓе не се свесни, но повеќето патат од недостаток на желудочна киселина, отколку од вишок. Недостатокот предизвикува лошо варење на храна, подригнување, вртоглавици и други појави. Една лажица јаболков оцет, растворена со вода непосредно пред јадење може да помогне во одржување на здравото ниво на желудочна киселина. Но, ова не треба да се практикува ако веќе земате лекови за намалување на киселините.

Супа од коски – ова супа се готви неколку часа, корисна е бидејќи ги испушта хранливите состојки од коските, вклучувајќи желатин и минерали. Всушност, желатинот е тој што помага во одржување на здравото ниво на киселина во желудникот.

Сите овие состојки се достапни кај нас и можете веднаш да почнете да ги употребувате за да си го подобрите здравјето и изгледот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот