Сакате да станете милионер? Штедете!

0

Дејвид Бах, човекот кој почнал од нула и кој има повеќе од еден милион долари на својата сметка, вели дека секој може да создаде богатство, ако само прво си плати на самиот себе.

Според овој милионер, секој може да се збогати со штедење – секој ден можете да заштедите толку колку што ќе заработите за еден час. Тој ја напиша книгата „Автоматски милионер“ во која истакнува дека ако не почнете да штедите сега или работите премногу за другите, или работите премалку за себе.

Во книгата стои следново:

Колку часа дневно работите за себе? Погледнете ја следнава формула?

Минатата недела работев вкупно _______ часови.

Заработив _______ на час.

На страна одвоив _______ денари.

Значи, минатата недела работев _______ за себе.

Тој ја објаснува својата формула на следниов начин: „За да знаете колку сте работеле за себе, мора да знаете колку сте заштеделе минатата недела. Ако вашиот одговор е 0, тогаш вие воопшто не сте работеле за себе.

Ако сте заштедиле нешто, поделете го тој износ со вкупната заработувачка.

Ако претпоставиме дека годишно заработувате 260.000 денари, тоа се 5.000 денари неделно. Ако работите 40 часа неделно, тоа значи дека за еден час заработувате 125 денари. Ако тргнете 250 денари на страна, тоа значи дека сте работеле 2 часа за себе. Тоа значи дека во текот на неделата треба да заштедите 625 денари.

Но, според Бах, обидете се да заштедите барем 10% од сите приходи што ги остварувате за да можете да си дозволите убави работи во животот.

Според него, ако сакате да се збогатите, барем на почетокот на кариерата треба да штедите од 10-15% од сите пари што ги заработувате, а ако сакате да бидете многу богати, тој процент треба да е помеѓу 15 и 20% од вашата заштеда.

Па што мислите, можете ли да заштедите доволно за да се збогатите користејќи ја формулата за успех на Бах?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот