Сакате да ја посетите Италија? Овие места ќе ви го одземат здивот!

0

Италија е преубава земја. Каде и да отидете, што и да видите, каква храна и да пробате, какво вино и да порачате – нема да згрешите. Но, кога ќе ја посетите земјата што нуди буквално сè, наместо да одите само во големите градови и во познатите туристички центри, одберете и некое од овие мали гратчиња и селца. Тие во себе го чуваат вистинскиот дух на Италија.

Атрани (Кампања)

small-towns-in-italy-cnt-02

Со поглед на Тиренско Море, ова мало сликовито село е една од најдобро чуваните тајни на Италија. Туристите често го заобиколуваат кога се во посета на Амалфи, Поситано или Соренто. Ова и не е толку лошо, бидејчи ќе ги имате убавите цркви, пицерии и шармантните улички само за себе.

Салуцо (Пиедмонт)

small-towns-in-italy-cnt-01

Се наоѓа на само еден час возење од Торино и наликува на старите средновековни градови. Тука доминираат црвените покриви од цигли, високите кули со ѕвона, замокот Кастиља од 14 век и ренесансната палата Каса Каваса која е претворена во музеј, а е дом на спектакуларни слики и фрески.

Колоди (Тоскана)

small-towns-in-italy-cnt-04

Лоциран помеѓу Фиренца и Пиза, се наоѓа Колоди, прекрасно средновековно село познато како домот на Пинокио, односно со неговиот креатор Карло Колоди. Тука можете да го посетите Пинокио паркот каде што се наоѓа највисоката статуа на Пинокио изработена од дрво.

Кастелучио (Умбрија)

small-towns-in-italy-cnt-05

Кастелучио се наоѓа на стрмна карпа, на 1.500 метри надморска височина. Ова е највисоко поставеното село на Апенинските планини и најверојатно најубаво. Од едната страна има снежни планини, од другата страна се цветни плантажи. Едноставно, совршено.

Белуно (Венето)

small-towns-in-italy-cnt-03

Без сомневање, Белуно е најживописното гратче во северниот дел на Италија. Покрај прекрасната глетка што се пружа до каде што ви се пружа погледот, ќе ги видите и градбите од ренесансната ера, палати и романски цркви. До Белуно се стигнува за само еден час возење од Венеција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар