Сакате да го вратите поранешниот, но дали вреди?

0

Без оглед што ви кажале, сепак да, можете да ја вратите изгубената љубов, без оглед на тежината на ситуацијата. Постојат неколку силни и веќе испробани техники за повторно освојување на поранешниот, но пред да ги дознаете најпрво запрашајте се дали вреди? Дали сакате да си докажете нешто себеси или навистина го сакате и не можете да живеете без него?

Пред да преземете што било, запомнете ги овие неколку битни принципи:

– Не обидувајте се да го смените, да манипулирате со него, да му се заканувате или да го ограничувате;

– Морате да бидете способна да му пружите вистинска и искрена љубов, без оглед што и да се случило;

– Почитувајте ги неговите избори.

Ако сте поготвена за ова, тогаш еве како да го вратите поранешниот во 3 чекори:

Најпрво убаво погледнете се себеси и изанализирајте се: Кога ќе се вљубите во некого, каква личност сте? Најпрво, вие сте го привлекле партнерот затоа што тој се чувствува добро со вас и бидејќи му ги исполнувате емоционалните потреби. Секако, кога ќе се отуѓат партнерите, другите ќе ви кажат „луѓето се менуваат“. Застанете за миг и размислете „дали сум се сменила“? Бидете личноста во која некогаш се вљубил вашиот партнер. Вашиот партнер се отуѓува бидејќи не му се исполнети потребите. Размислете што можете да направите за да ја спасите врската. Исправете ги лошите навики и грешки, секако, ако постојат. Запомнете, прво морате самата да се смените за да се смени и надворешниот свет.

Немојте да се „лепите“ до партнерот како приврзок. Никогаш не покажувајте очај и неодолива потреба повторно да бидете со него, колку силно и да сакате да ви се врати назад. Ова само ќе ја влоши ситуацијата. Погрижете се да не изгледате како да го сакате да ви се врати назад. Бидете безгрижна и независна. Бидете подготвена да му пружите искрена љубов, без оглед што и да се случило претходно. Во исто време, правете работи што ве прават среќна. Навистина не треба да зависите од некоја личност за да ги вкусите среќата и спокојот во себе. Ако научите да го негувате овој став, ќе сфатите дека вашето момче ќе се плаши да не ве изгуби.

Не престанувајте да се гледате со други луѓе: ако почнете да плачете, да се жалите и да се лигавите, ќе го избркате во истиот миг. Човековиот карактер е таков што, колку повеќе се трудите да спречите некој да добие нешто, тој уште повеќе ќе го сака истото. Од друга страна, почитувајте го неговиот избор и слобода. Не дозволувајте љубомората да ве води. Дозволете му да прави што ќе посака, но покажете му дека секогаш ќе бидете тука ако му затребате. По сето ова би требал да сфати дека сте подобра личност од „конкуренцијата“.

Обидете се… па дури и да не го вратите назад, ќе знаете дека сте направиле нешто добро со себе.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.