Сакаме да бидеме сакани од сите. И нема ништо лошо во тоа. Освен, што е невозможно

0

Сите сакаме да бидеме сакани. И нема ништо лошо во тоа. Освен, што е невозможно.

Во човековата природа е присутна потребата да биде сакан од сите, да посакува и очекува признанија од сите кои ги познава. Сосема непотребно, бидејќи ни тој самиот не ги сака сите луѓе подеднакво.

people_tcm21-8452

  • Луѓето секогаш ќе веруваат во она што сакаат да веруваат

Дита Фон Тиз еднаш кажа: “ Може да бидеш најсочната и најубавата праска во светот, и сепак ќе постои некој кој мрази праски“.

Колку и да се трудите, на крајот сепак ќе дојдете до еден и единствен заклучок: сте потрошиле напразно многу време. Луѓето веруваат во она што сакаат и ништо што ќе направите не може да влијае врз нивниот став. Вашите зборови и акции ќе бидат протолкувани погрешно (барем според вас), колку и да верувате дека може нешто да промените. На крајот, тргнете од општите случувања. И Адриана Лима не му е секому убава.

  • Тоа што луѓето го мислат за вас, не е ваша работа

Збунувачки, нели? Но, зошто би сакале да знаете што луѓето во секој момент мислат за вас? Вие знаете кои сте и какви сте. Нивното мислење може само непотребно да влијае врз вашата самодоверба. Затоа, препорачуваме да не губите време прашувајќи или истражувајќи што тие мислат. Заборавете на пробивање на пасворди по социјалните мрежи или наслушнувајќи туѓи разговори во другата просторија, бидејќи некогаш може да дојдете до информација која ќе ви даде погрешен впечаток, а не се однесува на вас.

Toxic_people1

  • Луѓето и не се грижат толку многу колку што вие мислите

Без разлика колку и да имате впечаток дека некој се опседнува со вас, најчесто не е така. Дури и кога отворено ви покажале антипатии. Обично, оној кој троши најмногу време на размислување на истото сте вие. Непотребно.

  • Нема потреба од ниедно одобрување

Чувството на восхит од околината кон вашите дела е извонредно. Сигурно убаво сте се чувствувале кога отворено ќе ве пофалат при некој конкретен успех во работата. А исто толку несреќно сте се чувствувале кога истите луѓе не го прифатиле позитивно изборот на вашиот партнер. Никогаш не заборавајте, тоа е ваш избор и ваш живот. Никој не треба да ви каже браво за тоа што ве прави среќни.

  • Оние кои ве сакаат, ќе ве сакаат секогаш

Сигурно имате пријатели од детството на кои сметате дека може да се потпрете целосно. Токму тие ви се потребни да се чувствувате подобро. Тоа се луѓе кои никогаш нема да ве осудат за некоја ваша постапка и ќе стојат веднаш зад секоја ваша одлука. Тогаш, верувајте. Не ја тестирајте нивната искреност. Грижете се за нив и нивните коментари онолку колку што сметате дека е потребно. Ни помалку, ни повеќе, оние кои ве сакаат не треба да ве одобруваат. Се што треба е да ве поддржат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.