Сашко Јованов од „ХуманаС“: Мисијата е обезбедување на професионална грижа и нега на стари лица во домашни услови како и поддршка на лицата со попреченост и овозможување социјална инклузија

0

Во текот на 2017 – 2018 година во рамките на проектот Smart Start кој е кофинансиран од Европската Унија и се спроведува во пет земји: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција чиј носител за Македонија е Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), десет македонски невладини организации добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија. Разговораме со еден од добитниците на грант Сашко Јованов од организацијата ХуманаС.

Што работи ХуманаС, која е социјалната, а која е економската компонента на ова социјално претпријатие?

ХуманаС претставува сервис за нега во домашни услови (палијативна нега) без оглед на здравствен и социјален статус на корисниците (стари лица и лица со попреченост). Социјалната компонента е дополнително акцентирана со тоа што како вработени лица се јавуваат долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик (жени жртви на семејно насилство, самохрани родители, млади, припрадицни од различни етнички заедници).

Мисија на социјалното претпријатие:

Подобрување на општествените процеси и состојби преку обезбедување на професионална грижа и нега на стари лица во домашни услови како и поддршка на лицата со попреченост и овозможување социјална инклузија и работни места за лицата во социјален ризик и долгорочно невработените лица.

Социјални цели на ХуманаС се:

  • помош и подобрување на квалитетот на живот на старите лица

  • помош и поддршка на лицата со попреченост

  • подолго опстојување во нивните сопсвени домови

  • вработување и еднакви можности ( за лицата во социјален ризик)

  • нивна социјална инклузија и социјална мобилност

  • реинвестирање на средствата во обуки за сертифицирање на нови негуватели и лични асистенти за лица со попреченост како и други социјални програми

Економски цели:

  • одржливост, стабилност и раст на претпријатието

  • профитабилност и рентабилност

  • квалитет на услугите

  • градење на долгорочни односи со клиентите

  • истражување и развој во социјалната сфера

  • висока продуктивност

Со колкав тим работите и од каков профил?

Во моментов претпријатието го водат искусни лица кои имаат познавање од областа (основач и ко-основач), но исто така располагаме со 15 сертифицирани негуватели, физиотерапевти, социјален работник, психолог како и волонтери.

Во која развојна фаза сте и кои ви се плановите за 2018 и 2019?

Претпријатието од оваа година започна со кампања и споделување на мисијата за каја и е основано, но исто така покрај приватни услуги кои ги нудиме сега сме во процес на отпочнување на субвенционирана нега на стари лица на територија на општина Центар.

Исто така оваа година нашето социјлно претријатие се проширува со нови две таргет групи лица со попреченост и лица со различни видови деменција, Алцхајмерова болест и сите видови на интелектуална попреченост.

Што значи покрај програмата за едукација за негуватели/ки на стари лица, верифициравме програма за личен асистент за лица со попреченост и во иднина ќе креираме нова програма за последната целна група.

ХуманаС ќе прерасне во социјално претријатие кое ќе ги опфаќа сите целни групи на кои им е потребна помош и поддршка од наша страна.

Каков е слухот на релевантната јавност за социјалните претпријатија и дали постојат законски и логистички пречки за развој?

Социјалните претријатија во моментов стануваат се по актуелни и граѓанските организации стануваат претриемачи поради потребата за оддржливост, но и поради исполнување на својата мисија на основање.

Во Македонија се уште не е донесен законот за социјално претриемништво ниту пак има стратегија, за социјалните препријатија се важечки постојните закони за трговски друшва кои не се поволни за нас ниту пак за нашите социјални мисии, бидејќи сепак овие претријатија на крај од годината не остваруваат профит туку профитот го реинвестираат во нови социјални цели. Токму од овие причини социјалните претријатија функционираат во склоп на граѓанските организации а не како засебни субјекти.

Општествено одговорните комании сеуште не ги препознаваат ваквите претријатија до крај за да почнат да иневстираат односно поддржат социјалните претријатија, но со тек на време кога ќе се донесе било каква законска рамка за социјалното претриемништво и биде промовирано во вистинска смисла сметам дека ќе имаме нагорна линија на развивање на социјални претприемништво.

Сашко Јованов

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.