Сабота- Оставете ја правосмукалката и земете си ден за себе!

0

Навидум обична сабота…

Викенд девојки, жени! Какви и да биле плановите за денешниот ден, ние имаме еден предлог кој не се одбива. Неколку идеи за еден поинаков ден, женски ден.

Дајте си оддишка, посветете си ден на себе. Оставете ја правосмукалката, крпата за бришење прашина и исклучете ја машината за перење. Овој ден нека биде само Ваш!

1. За почеток, кокосово масло! Нанесете на косата и лицето и мирисот веднаш ќе ве обземе. После два часа, измијте ја косата која ќе биде како свила, а лицето свежо и нахрането.

2. Детоксикација. Исчистете го телото од отрови и направете го најделотворното смути.

Ставете во блендер: 1 краставица, 1 лимон, 1 мало парче свеж ѓумбир и исто толку целер, 1 китка магдонос и литар вода. Испијте го целото и стомачето кое толку ве нервира ќе го снема до вечер!

3. Пуштете си добра музика и земете книга во раце. Опуштете го телото, препуштете се на мислите и самотијата и така полека ќе почувствувате како ви се враќа енергијата. Прочистете го телото и духот и одморете се вистински.

4. Време за излегување. Заборавете на изминатата недела и проблемите кои постојат. Нашминкајте се и облечете го најубавиот фустан од плакарот во кој се чувствувате најпривлечни. Дигнете ја главата високо, полни со самодоверба и излезете надвор да го освоите светот. И смејте се! Колку можете повеќе!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.