Руска салата Оливје

0

Најпопуларната салата во Русија, тоа е Оливје. Како традиција најчесто ја приготвуваат за на празнична маса за Нова година.

Состојки

  • 4 компири
  • 6 моркови
  • 6 јајца
  • 300 гр мартадела
  • 2 свежи краставици
  • 1 тегла маринирани краставици
  • 1 конзерва грашок
  • по потреба мајонез и сол

    Подготовка:

1. Компирите, морковите и јајцата се варат, потоа ситно се сецкаат.

2. Мартаделата, свежите и киселите краставици исто ситно се сецкаат.

3. Во салатата се додаваат грашакот, солта и мајонезот и сето тоа убаво се промешува.

Оваа салата има многу идентични рецепти, но во класичната варијанта на салатата обавезно ја има свежа краставица.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.