Рубин – Камен на животот

0

Рубинот е најпознат драгоцен камен со векови наназад. Многумина го нарекувале и  „камен на животот“, најмногу заради неговите својства кои ги пројавува во кристалотерапијата.

Рубинот е симбол на огнот на срцето, животната енергија и високите страсти.

Овој драгоцен камен ја прочистува духовната и телесната љубов и создава креативна енергија која нѐ прави среќни и задоволни со себе.

Ова е еден од најмоќните минерали кога станува збор за проектирање и складирање на енергија. Делува врз сексуалните енергии и ја буди жедта за животот. Одличен е за личности кои имаат потреба од повеќе акција во сопствениот живот.

Нѐ штити од негативни влијанија и помага енергично да ги надминеме  секојдневните животни предизвици.

Бојата може да варира од длабока цвена до светло розова. Се поврзува со коренската (прва) чакра и со срцевата (четврта) чакра.

Поточно, Рубинот кореспондира со коренската чакра и ја поттикнува кундалини енергијата. Ја качува сексуалната енергија од половиот регион и ја усмерува кон срцето, трансформирајќи ја во вистинско љубовно уживање.

Во кристалотерапијата се користи и како стимулатор на надбубрежните жлезди, бубрезите и слезината.

Посебно интересен е Македонскиот рубин, кој се одликува со малинесто – розова боја и ослободува пријатна вибрација со фрекфенција на срцевата чакра. Според досегашните истражувања, тој мошне нежно ја стимулира работата на срцевиот мускул и поттикнува на простување и сочувство со другите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.